Ново истражување покажа дека носењето маски е една од најефикасните нефармаколошки епидемиолошки мерки за сузбивање на ширењето на корона вирусот, особено делта-сојот. Но, и други мерки се покажаа како ефикасни во сузбивањето на ширењето на пандемијата.
Според анализата на 72 студии кои ги направија научници од Универзитетот Монаш во Австралија, носењето маски го намалува пренесувањето на вирусот за 53%. Меѓутоа, овој резултат нема статистичка значајна тежина затоа што во анализата бил вклучен мал број студии за таа мерка.
Анализата покажала и дека глобално програмите за вакцинирање се безбедни и ефикасни и дека спасуваат животи, но дека тоа не е целосна заштита на ширењето на корона вирусот. Според истата анализа, физичкото дистанцирање го намалува ширењето за околу 25%.
„Веројатно понатамошната контрола на пандемијата на корона вирусот не зависи само од вакцинацијата и нејзината ефикасност, туку и од придржувањето до ефикасните и одржливи мерки на јавното здравје“ вели Стела Талич и нејзините колеги за British Medical Journal.
Додаваат и дека поради хетерогеноста, студијата на мета-анализата не било возможно да се направу за ефикасноста на карантините и изолацијата, како и на затворањето на училиштата и другите работни места.
Затворањето, физичката дистанца, задолжителната употреба на маските за лице и хигиената на рацете се земаат како првични превентивни мерки за сузбивање на корона вирусот.
Истражувачите велат и дека уделот на населението, кое мора да се вацинира против корона вирусот за да се постигне колективен имунитет во голема мера зависи од моменталните и идните варијанти. Заклучуваат дека, меѓу другите факти, овој праг на вакцинирање зависи од земја до земја и од одговорот на населението, од видовите вакцини, приоритетните групи за вакцинирање и мутациите на вирусот.
(Zimo)
(фото: Pikist)