Електричните автомобили сега стануваат се поодржливи, а доказ за тоа е една шведска компанија која најави дека успешно рециклирале литиум-јонска батерија со катода од никел-магнан-кобалт со користење само на метали добиени од отпадни батерии.
Компанијата Northvolt тврди дека нивната програма за рециклирање Revolt е првата во светот која успешно рециклирала батерија за електрично возило до користење на 100% реупотребени материјали.
Сите процеси на рециклирање на Northvolt се вршат на едно место – во нивните лаборатории во Вастерас, Шведска и нивното последно достигнување е многу битен успех за глобалната индустрија за батерии. Досега дури и возилата на Tesla не се одржливи поради батериите што ги користат.
Во реалноста за производство на литиум-јонските батерии е потребноп рударење на суровини , што е спротивно на одржливоста на остатокот од електричните возила. Со други зборови, електричните возила создаваат поголемо загадување отколку што се мисли. Но, со рециклирањето на батериите може да се соберат дури 95% од материјалите потребни за батериите. Следниот чекор е да се види дали Northvolt и други слични компании можат да го скалираат процесот и да се рециклира многу поголема количина батерии.
Рециклираните кобалт, манган и никел кои биле искористени за 100% рециклираната батерија биле добиени од отпадни батерии со хидрометалуршки третман кој не троши многу енергија, а вклучува употребен воден раствор за изолирање на металите и отстранување на нечистоиите од нив.
Следниот чекор за Northvolt е производство на батерии со 50% рециклирани материјали на индустриско ниво до 2030 година. Во таа насока Revolt Ett гига-фабриката за рециклирање во Скелетеа, Шведска, ќе биде проширена за да се направи простор за рециклирање на 125.000 тони батерии годишно.
Со тоа Revolt Ett ќе стане најголемата фабрика за рециклирање во Европа, покрај тоа што е единствената фабрика за рециклирање која може да реупотреби големи количини литиум, кобалт, манган и никел. На тој начин гига-фабриката ќе има доволно залихи за производство на рециклирани батерии со годишен капацитет од 30 GWh, што е половина од моменталното производство на нови батерии во Revolt Ett.
Треба да знаеме дека до 2030 година ќе им заврши животниот век на 250.000 тони батерии во Европа. На тоа некои гледаат и како на пречка и како на предизвик. Од Northvolt велат дека за нив тоа е нова можност.
(Interesting Engineering)
(фото: Facebook)