Глечер со големина на државата Флорида се топи со загрижувачка брзина

- Advertisement -

Масивниот глечер на Антарктикот, кој се смета за клучен за глобален раст на нивото на морињата, може да ја изгуби својата ледена површина за околу 5 години, предупреди тим од научници.

Станува збор за глечерот Твејтс со големина на државата Флорида, кој се наоѓа во западниот дел од антарктикот и кој некои го нарекуваат глечер на судниот ден за човештвото. Тоа е така поради фактот дека има огромен потенцијал да го подигне нивото на морињата кога ќе се стопи. Површината на глечерот изнесува окоу 192.000 км2 и отприлика е еднаков на површината на државата Флорида.

- Advertisement -

Тим од американски научници соопшти дека се формираат нови пукнатини на источниот дел, кој е една третина од глечерот. Тој дел функционира како брана која го забавува протокот на лед од континентот во океанот, но изгледа дека поради топлата вода која продира под глечерот ја губи функцијата, тврдат научнциите повикувајќи се на сателитски снимки.

„Ако оваа пловечка ледена плоча се распадне, глечерот Твејтс ќе се топи забрзано, а неговото влијание врз порастот на нивото на морињата ќе се зголеми за дури 25%“ порачаа научниците и додадоа дека тоа би можело да се случи за 5 години.

- Advertisement -

Според истражувањето, еден од глечерите кои се топат најбрзо на Антарктикот придонесува со 4% за глобалниот годишен пораст на нивото на морињара, додека пукнатините се шират во централниот дел на ледените површини за 2км годишно.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -