Blue Origin во декември ќе испрати во вселената уште шестмина туристи

- Advertisement -

Компанијата Blue Origin се подготвува во вселената да испрати нови туристи, напишаа од компанијата на Twitter. Ова ќе биде прв пат ракетата на Blue Origin да полета со шестмина патници, а после овој лет истата повторно ќе се користи. Екипажот ќе биде составен од Лаура Шепард Черчли, Еван Дик, Дилан Тејлор, Лејн Бас и Камерон Бас.

Ова ќе биде третиот лет во вселената за компанијата Blue Origin. На изминатите две патувања одеа по четворица патници, а патник на првото патување беше и исновачот на Blue Origin и шеф на Amazon, Џеф Безос. Екипажот на второт патување беше составен од Вилијам Шатнер, Глен де Врис, Крис Бошуизен и Одри Пауерс.

- Advertisement -

Ова е импресивно темпо на лансирање на Blue Origin затоа што ова е веќе трет пат годинава да оди на вселенско патување, и покрај високите цени на билетите за патувањата. Зголемувањето на бројот на патници од четворица на шестмина ќе резултира со зголемен профит, а во наредниот период се очекуваат и поевтини билети за вселенски туризам.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -