Eвропската централна банка подготвува дигитално евро за 2026 година

- Advertisement -

Фабио Панета, член на Извршниот одбор на Европската централна банка зборуваше за проектот дигитално евро кој треба да го зајакне монетарниот суверенитет и да ги олесни дигиталните плаќања ширум ЕУ.

Хрватска во 2023 година ќе го веведе европто како официјална валута и ќе ја зеамени круната. Три година после тој чин еврото би можело да добие свој дигитален двојник, кој веќе се развива во Европската централна банка. Дигиталното евро ќе овозможи да се зголеми стабилноста и независноста на монетарниот систем на ЕУ и да се зголеми ефикасноста на системот за дигитални плаќања. Ова го најави Фабио Панета, член на извршниот одбор на Европската Централна банка/ Дигиталното евро ќе отвори можности за сите кои ја користат заедничката валута за сигурни и лесни дигитални трансакции. За разлика од крипто валутите кои имаат и шпекулативен карактер, оваа валута ќе биде директно врзана за еврото како своевиден stablecoin-и. Панета предупреди дека дури и овие дигитални валути би можеле да го изгубат своето „сидро“ како што се случи минатата недела со TerraUSD.

За да се спречат такви ситуации, позади дигиталното евро ќе стои Европската Централна банка со што ќе добие на доверба. Во растечкото дигитализирано опкружување дигиталното евро би требало да ги олесни дигиталните плаќања, а на пазарите ќе им даде шанса да останат во игра. Така ќе има помалку последици по финансиските пазари, кои досега не може да го следат ритамот на иновациите на големите светски играчи.

- Advertisement -

Новиот систем на плаќање би бил бесплатен, едноставен и достапен на сите и секаде. За да заживее мора да биде масовно прифатен од трговците во еврозоната, како онлајн така и во физичките продавници.

За да се реализира планот за дигитализација на еврото ЕЦБ минатата година основаше работна група која има рок од две години да испита кои се приоритетите при изработка на дигиталната валута. Во втората фаза ќе бидат тестирани технилошките решенија и ќе се креира деловно опкружување неопходно за широко прифаќање на дигиталното евро. Тоа би можело да потрае три години, така што дигиталното евро би заживеало во 2026 година.

- Advertisement -

(Bug.hr)

Сподели!
- Advertisement -