АЕК објави тендер за одобренија за 5Г

- Advertisement -

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г. Рокот за доставување на понудите е 35 дена, а јавното отворање на понудите е закажано за 5 јануари во 10 часот. Одлуката за избор на понудувачи кои ќе учествуваат во предвидената постапка на јавно наддавање ќе се донесе во рок од седум дена од денот на јавното отворање на понудите.

Право на учество на јавниот тендерот има домашно и странско физичко или правно лице кое ќе ја подигне тендерската документација и кое ги исполнува условите: во последните пет години да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;  да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;  да не е во постапка на стечај или постапка на ликвидација;  да има платени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако не му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; и  да не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

- Advertisement -

Понудувачот треба да даде писмена изјава дека ќе започне да ги користи радиофреквенциите определени во одобренијата за користење на радиофреквенции во рок од девет месеци од денот на важноста на одобрението.

Одобренијата за користење на радиофреквенции од одлуката на АЕК,  A1, A2, A3, B1, B2 и В3 се издаваат за период од 15  години, а одобренијата В41, В44, В45 и В46 за период од шест години, со важност од денот на издавање на одобрението и со право на продолжување на важноста на одобрението на начин утврден во Законот за електронските комуникации.

- Advertisement -

Критериум за избор на најповолен понудувач за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од член 2 на оваа одлука е висината на еднократниот надоместок за добивање на одобренија за користење на радиофреквенции.

Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофреквенциите како еднократен надоместок за добивање на одобрение за користење на радиофреквенции од член 2 на оваа одлука  за одобрението А1 изнесува 2.750.000 евра; за одобренијата А2 и А3 изнесува 5.500.000 евра, по одобрение; за одобрението В1 изнесува 1.250.000 евра; а за одобренијата В2 и В3 изнесува 2.500.000 евра, по одобрение. За  одобрението В41 изнесот е 11.670  евра; за одобренијата В44 и В45 изнесува 5.830 евра, по одобрение, а за одобрението В46 изнесува 6.920 евра.

- Advertisement -

Владата на 9-ти ноември даде согласност за висината на еднократниот надомест и начинот на неговото плаќање, а одлуката беше објавена во службен весник.

Писма за интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за 5Г,  по објавата на АЕК на 1 јуни годинава доставија компаниите Неотел, Битстрим Мобиле, Македонски телеком и А1 Македонија.

Операторите што ќе добијат одобрение за национално покривање се должни со новоиздадените и постоечките одобренија за користење на радиофреквенции да обезбедат покриеност, согласно Националниот оперативен бродбенд план. Конкретно, до крајот на 2023 година најмалку еден град да биде покриен со 5Г сигнал, а до крајот на 2025 година, главните коридори согласно Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во државата да бидат покриени со непрекинат 5Г сигнал. До крајот на 2027 година сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5Г сигнал, а до крајот на 2029 година, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

Објавата за тендерот е достапна на линкот .

Сподели!
- Advertisement -