Кои се најбројни туристи во Македонија?

- Advertisement -

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2024 година изнесува 58 848, од кои 31.3 % се домашни туристи, а 68.7 % се странски туристи.

Најмногу туристи доаѓаат од Турција 6.592 и Грција 5.214. Од Србија земјава ја посетиле 3.784 и Бугарија 3.386 туристи. Првата петорка ја заокружува Германија со 1.879 туристи.

- Advertisement -

Бројот на ноќевањата во март 2024 година изнесува 114 615, од кои 36.0 % се од домашните туристи, а 64.0 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.6 %, а кај странските има зголемување за 18.0 %.

- Advertisement -

Во периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.2 %, а кај странските има зголемување за 15.3 %.

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -