На почетокот на 2022 година пристигнуваат нови поевтини iPhonе

- Advertisement -

На почетокот на идната година Apple може да претстави нова генерација iPhone. Тоа, се разбира, нема да бидат топ модели од серијата iPhone 14, која ја очекуваме на пазарот во септември 2022 година, туку трета генерација телефони од серијата SE. Станува збор за серија ценовно прифатливи телефони, кај кои има комбинација од постари модели со последниот и најмоќен хардвер.

Истата формула треба да ја применат и на iPhone SE 3, кои треба да содржат застарен дизајн од моделот iPhone 8 претставен во 2017 година. Тоа е модел кој уште има рабови околу екранот, како и предна камера за селфи сместена во горниот дел над екранот, а не во notch и сензор за отпечаток од прсти имплементиран во посебно копче под екранот.

- Advertisement -

Но, додека дизајнот не е најмодерен, тоа не може да се рече за хадверот. Имено, под хаубата можеме да очекуваме најмоќни чипови на Apple, кои ги има и кај iPhone 13. Исто така, по прв пат кај модел од серијата SE очекуваме и поддршка за 5G. Официјално, од Apple уште не даваат информации за новата генерација од нивните поевтини модели, но гласините велат дека за идната година планираат производство на 25 до 30 милиони парчиња, во зависност од побарувачката.

Според последните гласини, Apple новата генерација модели од SE серијата ќе ги претстават во првиот квартал од идната година, некаде на крајот на март, додека за 2023 година наводно подготвуваат и модел SE Plus, кој треба да има поголем екран.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -