Во екот на пандемијата на корона вирусот луѓето најмногу купуваа електрични автомобили

- Advertisement -


Додека драматично паѓа продажбата на традиционалните возила на дизел и на бензин, изненадувачки порасна побарувачката за автомобили на електричен погон. Така, нивниот промет во март годинава пораснал за 23%, наведува Матијас Шмит, аналитичар од Берлин.

Според него, во април паднала продажбата на електрични автомобили за 30%, но тоа е незначително малку во споредба со падот од 80% на продажбата на класични автомобили. Како што пишува New York Times, не е јасно дали растот на продажбата на електрични автомобили се должи на моментален полет на пазарот или ќе биде долгорочен тренд.

- Advertisement -

Шмит смета дека многу електрични автомобили кои биле продадени годинава се платени во 2019 година, за да се прилагодат на построгите стандарди на ЕУ за емисијата на стакленички гасови. Се проценува дека секое трето возило до 2025 година ќе биде целосно или делумно на електричен погон, пишува германскиот сајт за статистика Ѕtatista.

Автомобилите без возачи ќе доживеат револуцијата во текот на идната деценија. Се предвидува дека Кина ќе биде лидер на пазарот до 2040 година со 14,5 милиони автономни возила, наведува Statista. Меѓутоа, компаниите од Силиконската долина кои ветија лиценцирање на автомобилите без возачи до 2020 година со години ќе ги доусовшруваат возилата.

- Advertisement -

Инаку, автомобилската индустрија беше тешко погодена од пандемијата на корона вирусот. Во екот на пандемијата продажбата на нови возила падна за над 80%. Иако водечките автомобилски брендови со оптимизам го очекуваа олабавувањето на мерките, јасно е дека не може преку ноќ да се вратат на нивото пред кризата. Еклатантен пример за тоа е германскиот гигант Volkswagen, кој само што ги стартуваше своите погони на почетокот на пандемијата мораше да ги затвори на неколку дена поради слабата побарувачка.

Сподели!
- Advertisement -