В белградскиот ресторан Le Mago беше претставено виното Untouched by Light, уникатно пенливо вино чие име буквално го опишува процесот на производство, пакување и дегустација. Имено, словенечката винарница Radgonske gorice, која е креатор на ова вино, одлучи да оди буквално на „темната страна“ мотивирана од научниците истражувања кои покажале дека изложеноста на виното на дневна или вештачка светлина ја уништува неговата арома.
Поради тоа виното Untouched by Light има многу специфичен процес на производство или како што велат од винарницата, мрачна метода, која вклучува ноќна берба, ротација на бурињата и пакување во мрак, во текот на кој процес се користат очила за гледање во темница.
Ова пенливо вино лежи 20+-3 години во целосен мрак во пештера во Горна Радгона во Словенија. Кога ќе излезе од пештерата, се штити во шише направено од 99% црно стакло, а за дополнително да се заштити од светлината и воздухот, се пакува во вакумирани кеси.
Untouched by Light се произведува од најдоброто „шардоне“ грозје (Blanc de Blancs) со користење на француската метода за ферментација во шише. Првата берба на ова вино, од 2016 година, беше лансирана минатата година и вендаш го привлече вниманието на светската јавност.
Во меѓувреме виното освои Decanter сребро, Glass of Bubbly злато, како и титулата Златна национална иновација на Словенија. Деновиве беше лансирана втората берба од 2017 година, чиј лимитиран број од 2.000 шишиња е достапен само преки страницата untouchedbylight.com. Виното се продава од САД до Јапонија.
(Bizlife)
(фото: Untouched by Light)