Туристичката размена и соработка со Украина ќе почне од здравствениот туризам

- Advertisement -

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски, оствари средба со  в.д. амбасадорот на Украина, Наталиа Задорожнику, Витали Загајниј, заменик на началникот на Лавовската обласна државна управа и претставници на секторот туризам и меѓународна соработка од истата област.

На средбата се презентираа туристичките потенцијали на двете земји, целите и идеите, се разменија искуства и начини за продлабочување на соработката преку туристичката индустрија иницијално, а потоа и на други полиња.

- Advertisement -

При нивната прва посета на РС Македонија се договорија идните чекори за развој на активниот, културниот и гастрономскиот туризам во двете земји и овозможување на поголема поддршка за промоција и вмрежување на приватниот туристички сектор.

Лавовската област во Укарина е една од најголемите области во државата и е позната по здравствениот и естетскиот туризам. Термалните води, спа, велнес и стоматолошките услуги им се развиени во повеќе пазари, а со РС Македонија очекуваат соработката да се развие токму во овој сегмент на туризмот. Идејата за инвестиции во нашата држава, вмрежувања и соработки е првиот чекор на Амбасадата на Украина во РС Македонија откако почна да оперира директната линија Киев- Скопје.

- Advertisement -

(МИА)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -