До крајот на јануари се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи

- Advertisement -
На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука до крајот на јануари 2022 година да се замрзнат цените на основните прехранбени производи како од  1 декември 2021 година во трговијата на големо и трговијата на мало.
Ова го објави министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук, соопштувајќи дека се замрзнуваат цените на: лебот,  шеќерот,  брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење,  трајно млеко со масленост од 2,8 , 3,2 и од 3,5 проценти, свежо месо и сувомесни производи и сирење и урда.
– Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година. Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година, напиша Бектеши на Фејсбук.
Сподели!
- Advertisement -