Истражување откри кој и во какви услови најмногу го шири корона вирусот

- Advertisement -

Студија која го проучува корона вирусот и неговото ширење откри интересни податоци за тоа кој е најмногу одговорен за ширењето. Истражувањето го спроведе Универзитетот Колорадо, а првично било насочено кон уметници (како актери, пејачи и други изведувачи) за да се открите дали може тие безбедно да се врата на работа после пандемијата.

Испитаниците од различна возраст најголем дел доаѓале во просторија која за кроисти за тестирање на присуството на честички во воздухот. Некои, пак, требало да пеат „Среќен роденден“, додека други свиреле на своите инструменти.

- Advertisement -

Заклучокот бил јасен. Пеењето дефинтивно емтиува повеќе честички од обичното зборување, вели Џон Волкенс, професор на Одделот за механичко инженерство. Според нивното истражување пеењето произведува 77% повеќе аеросолни честички од разговори, а восрасните произведуваат 62% повеќе аеросолни честички од децата.

Но, открија и интересна појава – децата и жените шират помалку честички од мажите. Имено, мажите произведуваат 34% повеќе аеросолни честички од жените. Возрасните шират повеќе честички од децата. Причината зошто мажите шират повеќе честички е едноставна – имаат поголем граде кош, појасни Волкенс, но додаде и дека вирусот пов+брзо се шири кај луѓето кои зборуваат погласно.

- Advertisement -

Гласноста со којашто зборѕвате е индикатор колку енергија вложувате во таа активност. Таа енергија се претвора во ширење честички кои излегуваат од вашето тело. Тоа се честички кои го носат корона вирусот и можат да заразат други луѓе, објасни Волкенс.

Појасни и дека затворените простори каде што е многу гласно, како што се баровите, рестораните, спортските сали и сл., се места на кои е поголем ризикот од ширење на корона вирусот. На пример, една балет претстава е побезбедна отколку еден рок концерт, каде што посетителите скокаат и пеат.

- Advertisement -

Авторите на студијата сметаат дека затворањето на спортските сали и салите за музилки и други настани го спасило животот на стотици, ако не и илјадници луѓе.

(CSU)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -