CNBC го претстави Мате Римац во посебен документарец посветен на најдобрите светски иноватори и претприемачи

- Advertisement -

Американската телевизиска куќа CNBC го смести Мате Римац во својот нов серијал документарци посветен на иноваторите од целиот свет чии визии и успех се несекојдневни. Серијалот го носи името „Unstoppables” („Несопирливи“), а со Римац во врска со тој серијал разговарала репортерката Ники Шилдс, која инаку ја следи темата наука и автомото индустријата. Тоа видео можете да го видите на овој линк.

Римац на Шилдс и го објаснил производниот процес и меѓу другото, и ја покажал карбонската школка на неговиот суперавтомобил Neverа, како и начинот на кој се склопува електрониката на тој најбрз електричен автомобил во светот.

- Advertisement -

Шилдс го прашала Римац како се справува со сите достигнувања и со големата експанзија на компанијата.

„Велат дека работата целосно ти се менува кога ќе се дуплира. Тогаш веројатно водам 10 различни работи. Сметам дека најголемиот успех е тоа што сме уште овде затоа што шансите беа многу против нас кога ја основавме компанијата, а пазарот воопшто не постоел. Дури и денес само 2% од новите продадени возила се електрични. Имаме 2 милијарди возила на планетата кои треба да се заменат со електрични автомобили“ изјави Римац.

- Advertisement -

Шилдс кажува дека Римац имал многу поинакво детство од нејзиното затоа што пораснал во БиХ, од каде што морал да се исели поради војната, па се заинтересирала како влијаело тоа на него подоцна во животот.

„Она на што се сеќавам е дека одеднаш имаше автомобили насекаде. Како сунѓер ги впивав сите информации за автомобилите“ вели Римац.

- Advertisement -

Разговарале и за кампусот, па Римац појаснил дека моментално најголем проблем бил просторот. Тој вели дека идејата за кампусот ја имал уште пред осум години, доека поминувал покрај некој дворец во Керестинац восејќи велосипед.

Римац зборува и на електричните велосипеди што ги произведуваат, за партнерството со Bugatti, каков бил како ученик и открива уште повеќе интересни детали за неговиот живот. Целосното интервју можете да го погледнете на овој линк.

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -