Пандемијата на коронавирус ја продлабочи финансиската нееднаквост на најсиромашните и најбогатите луѓе во светот, пишува „CNN“, цитирајќи нов извештај.
Милијардерите ја завршија 2020-та година со најсилното зголемување на нивното вкупно богатство откако „World Inequality Lab“ почна да ја спроведува оваа студија во 1995-та година.
Во исто време, пандемијата доведе до екстремна сиромаштија за уште 100.000 луѓе ширум светот, достигнувајќи ги на 711 милиони.
Глобалниот извештај за нееднаквоста се заснова на 4-годишната работа на повеќе од 100 истражувачи, пишува „CNN“. Публикацијата, исто така, посочува пет од најважните заклучоци:
Најбогатите 10% од светското население контролираат 76% од светското богатство. За споредба, најсиромашните 50% од луѓето во светот поседуваат само 2% од светското богатство. Просечните 40 отсто од населението контролираат 22 отсто од глобалното богатство. Најбогатите 10% од луѓето во светот заработуваат 52% од приходите, а најсиромашните 50% се задоволуваат само со 8%. Средната класа заработува околу 39% од парите.
Состојбата на најбогатите луѓе во светот расте меѓу 3 и 9% на годишно ниво, додека најсиромашниот дел од населението додава 3% годишно на нивната состојба. Помеѓу 1995-та и 2021-ва година, најбогатите 1% од населението акумулирале 38% од глобалното богатство ширум светот.
Во Латинска Америка е забележана најголемата разлика помеѓу богатството на најсиромашните и најбогатите. Десетте отсто од најбогатото население таму контролира 77 отсто од богатството, додека најсиромашните 50 отсто се задоволни само со 1 отсто. Разликата во Европа е многу помала. Богатите контролираат 58% од богатството, додека најсиромашните 50% поседуваат 4%.
Просечниот приход на најбогатите 10% од населението денес е 38 пати поголем, додека во 1980-та година разликата била многу поголема – 53 пати. Денес, нееднаквоста на приходите е споредлива со онаа од 1910-та година, кога разликата беше 41 пати.