Телефонот LG Rollable, кој се издолжува и се собира како ролетна, пристигнува во март или јуни 2021 година

- Advertisement -


Новиот смартфон на LG со име LG Rollable пристигнува идната година, а сега се познати некои од неговите спецификации и можната цена. Она што е во фокусот кај LG Rollable е неговиот екран, кој може да се витка во ролна и на тој начин се зголемува неговата површина.

Информациите за мобилниот телефон ги објави еден од младите типстери на Twiter, а тие вклучуваат спецификации за телефонот и можната цена по која ќе се продава.

- Advertisement -

Според него, LG Rollable ќе има екран од 7,4 инчи со резолуција од 2.428×1.080 пиксели и формат 20:9, 16 GB RAM, Qualcomm Sapdragon 888 процесор и батерија од 4.200 mAh. Оваа големина на екранот се однесува на максималната величина, додека кога не е издолжен има околу 6 инчи.

Информациите велат дека LG Rollable ќе биде претставен во март идната година, но постои можност да биде одложен до јуни. Кога станува збор за цената, веројатно ќе се продава по 2.359 долари.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -