Ски сезона на Попова Шапка од 15 декември

- Advertisement -

Скијачката сезона на Попова Шапка ќе започне на 15 декември најавија претставниците на ЕЛЕМ Турс и Министерстово за економија при денешната посета на ски центарот заедно со новинарите со цел да се видат новите потфати кои се направени во насока на модернизација на условите за скијање, патување и престој.

-Во ски-центарот во изминатите седум месеци инвестиравме во неколку главни точки за подобрување на инфраструктурата за љубителите на спортот, за љубителите на скијањето. Ние имаме првпат градено јавни објекти во ски-центарот којшто беше долгогодишна потреба и побарување од страна на скијачите. Имаме изградено пет јавни тоалети и две модерни бачила, а инвестиравме и во новата патека за ноќно скијање. Истата се поврзува и со патеките околу шестоседот, продолжува до Церипашина, се спушта долу до Тетекс, па се до патеката „Св. Илија“, изјави директорот на ЕЛЕМ Турс, Адем Хавзиу.

- Advertisement -

-Два паркинзи постоеле во ски-центарот, но во минатите години не биле одржувани од страна на одговорните лица коишто требало да ги уредуваат. Имало некое вкрстување кој на кого му припаѓа, кој треба да ги одржува, арно ама за оваа сезона јас веќе имам поставено соодветни знаци за двата нови паркинзи, ги презедов како одговорност ски-центарот Попова Шапка да ги одржува редовно тие паркинзи. Двата ќе бидат цело време одржувани од нашите вработени и истите ќе им бидат во можност да ги користат сите туристи, рече Хавзиу.

Министерот за екониомија Крешник Бектеши изјави дека како држава ќе се продолжи со мерките за привлекување туристи, потенцирајќи дека менаџментот ќе ја има поддршката од страна на Министерството за економија, како и Владата на Северна Македонија.

- Advertisement -

-На таков начин сум убеден дека директно и индиректно преку вакви инвестиции, преку подобрување на услугите во нашите туристички центри ќе влијаеме и во развојот економски локален, но и регионален за целиот Полошки регион. Оваа година имајќи предвид дека и ова е година на пандемија навистина се направени огромни работи во делот на подобрување на инфраструктурата, во подобрување на квалитетот на услугите што ги нуди Попова Шапка, рече Бектеши.

За време на викендите кога има најголема гужва, поради редовите со возила на влез на Попова Шапка раководството планира организиран бесплатен превоз за посетителите од пристапниот пат до ски терените.

Сподели!
- Advertisement -