Панел дискусија за идната соработка меѓу општините и стопанството

- Advertisement -

Македонско-германското стопанско здружение во соработка со двете германски фондации „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“ денеска организираат панел дискусија за идната соработка меѓу општините и стопанството.

– По локалните избори, би сакале на претставниците на стопанството да им дадеме можност и лично да се запознаат со новоизбраните градоначалници. Сметаме дека овој настан е одлична можност и за градоначалниците да ги споделат своите планови, но и да се информираат за потребите на стопанството, се вели во најавата од Македонско-германското стопанско здружение.

- Advertisement -

Организаторите најавуваат дека на панел дискусијата ќе се обратат германската амбасадорка Анке Холштајн, директорот на фондацијата „Фридрих Еберт“, Рене Шлее, директорот на фондацијата „Конрад Аденауер“ Даниел Браун, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовка, како и градоначалниците на општините Центар, Горан Герасимовски, на Тетово – Билал Касами, на Велес – Марко Колев и на Куманово, Максим Димитриевски.

Сподели!
- Advertisement -