Само 14% од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија со стандардно рабитно време после пандемијата, а повеќе од половина од испитаниците велат дека се попродуктивни кога работат од дома, покажа анкетата објавена денес.
Но, и хибридниот начин на работа има свои маани, а повеќе од четвртина од испитаниците сметаат дека непрекинато работат или работат до доцна во ноќта кога се дома, покажа анкетата која ја нарачаа Samsung Electronics и компанијата The Future Laboratory.
анкетата опфатила 14.000 луѓе во Европа и покажала дека 83% од вработените бараат поголема поддршка од работодавците во вопоставувањето на рамнотежата меѓу работата и приватниот живот.
Според податоците на Eurostat, во 2020 година од дома работеле околу 12% од вработените во ЕУ, за разлика од само 5% пред пандемијата. Работодавците сега мора внимателно да размислат на кој начин ќе одговорат на предизвиците на хибридниот начин на живот, соопшти претседателот на Samnsung за Европа, Бенџамин Браун.
Две третини од Европејците изјавиле дека дома ги направиле или планираат да направат прилагодувања за да си го олеснат хибридниот начин на живот, односно направиле еден вид на домашни канцеларии, додека 41% одлучиле да се преселат. Исто така, 51% од испитаниците рекле дека технологијата, односно алармите и разните апликации им гоолеснуваат поставувањето граници меѓу работата и приватниот живот.
(Dnevnik.hr)
(фото: )