„The Great Meal“, прва реклама на Coca-Cola во време на корона вирусот

- Advertisement -

Најголемиот бренд за безалкохолни пијалоци во светот, Coca-Cola, ја објави својата прва вистинска реклама по прогласувањето на пандемијата на корона вирусот, насловена „The Great Meal“ („Големиот оброк“). Спотот прикажува како луѓето ширум светот ја обновиле својата љубов за готвење за време на карантинот.

„Денот кога светот застана беше денот кога ние откривме каде да одиме“, посочува нараторот додека повеќе фамилии се посветуваат на кујната и подготвувањето на вкусни домашни оброци, кои на крај ќе се најдат на фамилијардната трпеза, секако придружени со шише Coca-Cola.

- Advertisement -

Рекламата вклучува 13 различни, вистински фамилии од Лондон, Лисабон, Киев, Мексико Сити, Мумбај, Орландо и Шангај. „Отсега натаму, нема до оставаме ништо во нашите чинии, бидејќи научивме да уживаме во вкусот на моментите кои секогаш беа тука“, се истакнува на крајот од спотот.

Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Anomaly New York и продукциската куќа Somesuch.

- Advertisement -

(marketing365)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -