Со паметниот часовник на Apple сега може да се отклучуваат хотелски соби

- Advertisement -

Во паричникот на Аpple составен од паметни часовници и телефони сега може да се додаде и клуч за хотелски соби, но за почеток со Apple Watch може да се отвораат само собите во хотелите од синџирот на Hyatt. Соработката засега е договорена за шест хотели, а дополнително треба да се прошири и на други хотели на Hyatt, а во иднина се надеваме и на други брендови на хотели.

Принципот на работа, односно поставувањето на клучот во паричникот е прилично едноставно. После резервацијата се добива дигитален клуч кој треба да се стави во Apple Wallet, но за негова активација при доаѓање во хотел потребно е да се извести рецепцијата. Потоа Apple Watch може да се користи како и класичен клуч, односно картичка за влез во својата соба. Дигиталниот клуч ја поддржува и опцијата Express Mode, што значи дека за негово користење мора да се потрди идентитетот преку FaceI или Touch ID.

- Advertisement -

Во случај кога батеријата на часовникот или на телефонот ќе биде при крај или се активира опцијата за штедење на батеријата, Apple Watch и iPhone уште дополнителни 5 часа ќе може да се користи за отклучување на собата.

(Engadget)

- Advertisement -

(фото: Apple)

Сподели!
- Advertisement -