Цукерберг и сопругата ќе инвестираат 3,4 милијарди долари за здравје на луѓето

- Advertisement -

Компанијата која ги води филантропските операции на генералниот директор на Facebook, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан ќе инвестира 3,4 милијарди долари за унапреудвање на човечкото здравје во текот на наредните 10-15 години, изјави портпаролот на организацијата.

Иницијативата Чан Цукерберг (CZI) ги објави податоците за плановите за поддршка во таа област, лија цел е да се набљудува, да се мери и да се анализира биолошкиот процес низ човечкото тело.

- Advertisement -

Организацијата која има мисија да излечи, да спречи или да управува со сите болести во светот до крајот на векот наведе дека ќе ги насочи сите научни работи во текот на наредните 10 години кон развој на нови истражувања, институти и технологии кои помагаат за нејзината мисија.

Портпаролот на CZI истакна и дека ќе бидат донирани 500 милиони долари за формирање на институт на Универзитетот Харвард кој ќе биде фокусиран на вештачка интелигенција. Институтот ќе го носи името Карен Кемпнер Цукерберг, по мајката на Марк Цукерберг.

- Advertisement -

Тој додадеј дека од 600 до 900 милиони долари ќе одат за нов институт за биомедицинско снимање, а милијарда долари за мрежата Чан Цукерберг Биохаб, новата иницијатива со која се обединуваат научните институтции да работат на големи научни предизвици.

800 милиони до милијарда долари ќе бидат донирани во текот на наредните 10 години за Биохаб Чан Цукерберг, чија цел е развој на технологии за чекување болести.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -