Основачот на компанијата SpaceX, Илон Маск откри дека неговата компанија ќе почне со програма за чистење на на јаглерод диоксидот од атмосферата и претворање во гориво за нивните ракети. Маск додадек дека таа програма ќе биде битна и за идните мисии на SpaceX на планетата Марс.
Маск таа нова програма во SpaceX ја најави преку Twitter и ги повика сите заинтересирани да им се придружат во тоа.
На неговата објава реагираше јутјуберот и астроном Скот Менли, кој истакна дека претворањето на CO2 во гориво веќе е направено досега, но претворањето на CO2 во ракетно гориво кое би се користело за вселенските летала Starship е сосема ново ниво.
Еден од уредниците на Ars Technicа, Ерик Бергер, од друга страна, истакна дека таквата програна би ја решила загриженоста за климатските влијанија на лансирањето ракети во вселената.
Леталата Starship на Маск со тек на време ќе го истражуваат и Марс, а ќе се користат и за летови до Црвената планета и назад на Земјата. Маск во 2020 година тврдеше дека SpaceX ќе се обиде да ја испрати првата мисија на Марс без екипаж во 2022 година, а првата мисија со екипаж во 2026 година или во 2024 година, „ако има среќа“.
Според податоците од SpaceX, Starship треба да понесе товарна ракета, кој потоа сигурно би се вратила на Земјата. Кога ќе биде во орбитата Starship треба да прими нова залиха на гориво од ракета танкер, која после доставувањето гориво исто така безбедно ќе се врати на Земјата, а Starship ќе го започне шестмесечниот лет кон Марс.
Кога ќе биде на површината на Марс, Starship ќе дојде гориво со користење локални ресурси, од каде што истиот брод повторно ќе може да се користи за нов лет на Марс. Меѓутоа, самиот Маск предупреди дека нема сите луѓе да го преживеат патувањето.
(RT)
(фото: YouTube)