Parker Solar Probe, вселенската сонда на НАСА лансирана во 2018 година со мисија набљудување на надворешната корона на Сонцето, по прв пат влезе во неговата атмосфера, па научниците велат дека „го допрела“ Сонцето.
Леталото помина низ горната атмосфера на нашата матична ѕвезда, позната како корона, што овозможи досека невидено вознемирување на неговите честички и магнетни полиња и отвори ново поглавје на полето на соларните науки и нашето разбирање за настанувањето на сончевиот систем.
Во текот на своето патување кон Сонцето соларната сонда Parker постави низа рекорди и стана јнајбрзиот објект кога било направен, постигнувајќи брзина од 586.864 км/ч. Тоа се случи минатиот месец кога сондата поминуваше крај Сонцето и тоа беше десеттата од вкупно 24 блиски средби кои сондата ќе ги направи во текот на седумгодишната мисија, која на крајот ќа ја доведе до 6,1 милиони км од површината.
„Летајќи толку блиску до Сонцето соларната сонда Parker сега г чувствува условите во слојот на соларната амтосфера со кој доминира магнетниот слој корона, што претходно не беше возможно. Доказите за престојот во корона ги гледаме во податоците за магнетното поле, податоците за соларниот ветар и визуелно на слики. Всушност, можеме да го видиме леталото како лета низ коронарнитњ структури кои може да се набљудуваат само при целосно помрачување на Сонцето“ изјавија научници на проектот Parker во Лабораторијата за применета физика Џонс Хопкинс.
Како што ќе продолжи сондата со блиските прелети околу Сонцето научниците веруваат дека ќе добијат уште многу сознанија за соларните феномени.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)