Омикрон помалку успешно ги напаѓа белите дробови?!

- Advertisement -

Една британска студија покажа дека варијантата на коронавирус омикрон може да биде помалку успешна во нападот на белите дробови од претходните варијанти на вирусот.

Студијата на Институтот за терапевтска имунологија и заразни болести во Кембриџ заклучи дека мутациите во шилата на вирусот, кои предизвикуваат омикрон да избегнува антитела, исто така може да го ограничат начинот на кој вирусот се реплицира во белите дробови поврзани со тешка болест.

- Advertisement -

„Овие наоди сугерираат дека омикрон развил способност да го избегне имунолошкиот систем, но во исто време неговата способност да се реплицира и неговата патогеност се компромитирани“, се вели во резимето на студијата.

Водачот на студијата Рави Гупта, професор по клиничка микробиологија на Кембриџ, рече дека се соочуваме со предизвици и покрај навидум позитивните заклучоци од студијата.

- Advertisement -

Тој на Твитер напиша: „Што значи сето ова? Ефективната инфекција на белодробните клетки може да биде во корелација со сериозноста на белодробната болест. Синциција, мултинуклеарни клетки, често се гледаат во респираторните ткива земени по тешка болест. Делта беше многу успешна во инфицирање на ткивото на белите дробови и создавање на тешка форма на болеста, за разлика од омикрон. Потребни се дополнителни истражувања“.

„Да резимираме – овој труд сугерира дека омикрон станал поотпорен на имунитетот, но дека неговите својства поврзани со прогресијата на болеста може да бидат донекаде ослабени. Сепак, значителното ширење на омикрон е голем предизвик за јавното здравје “.

- Advertisement -

Резултатите од студијата беа објавени откако медицинската советодавна група SAGE во Британија издаде ажурирана проценка и рече дека е „речиси сигурно дека сега има стотици илјади нови инфекции со омикрон секој ден во Англија“.

Сподели!
- Advertisement -