Вицепремиерот Битиќи на средба со компании со технолошко-напредно производство

- Advertisement -

Владата останува отворена за соработка со сите чинители во општеството за креирање на најдобрите можни решенија кои ќе донесат одржлив и побрз економски развој на земјата, порачал вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на денешната редовна средба со Асоцијацијата на странски компании со технолошко-напредно производство.

На состанокот биле покренати прашања поврзани со тековното работење на компаниите, а станало збор и за мерките за поддршка за понатамошен развој и за активностите што ги презема Владата за унапредување на бизнис климата.

- Advertisement -

Вицепремиерот упатил благодарност до бизнис заедницата за активното учество во процесите што ги спроведува Владата и ги информираше присутните за неколку позначајни активности донесени неодамна.

Битиќи потенцирал дека во декември, за првпат по 10 години, а по повеќе од осуммесечна дискусија, Владата ги усвоила измените на Законот за царинска тарифа со кои ќе се овозможи усогласување на царинскиот тарифник со европските норми за 258 царински шифри што ќе обезбеди поголема конкурентност на домашните компании и предвидливост во реализацијата на процесите. Вицепремиерот информирал и дека на последната владина седница се усвоени измените во Законот за  вршење на сметководствени работи, на кој се работи речиси пет години, а со кои ќе се изврши усогласување на националниот закон со меѓународните стандарди, со што дополнително ќе се олеснат сметководствените процедури и ќе се олеснат активностите на компаниите. 

- Advertisement -

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Јован Деспотовски посочил дека најголем број од компаниите кои имаат технолошки напредно производство работат токму во зоните, а во насока на обезбедување на подобри услови за нивно функционирање, најави дека во наредниот период за реализација на инфраструктурни проекти во повеќе ТИР зони планирани се околу 15 милиони евра.

На средбата, на која присуствувале претставници од 25 компании со технолошко напредно производство, се разговарало и за измените на Законот за работни односи со кои недела станува неработен ден. Наскоро, како што било истакнато на состанокот, ќе биде донесено подзаконското решение со кое точно ќе се дефинираат исклучоците на компаниите кои може да работат во недела.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -