Во вселената лансиран најскапиот телескоп на НАСА

- Advertisement -

Вселенскиот телескоп James Webb на НАСА, изграден за светот да добие подобар увид во вселената, беше лансиран вчера со ракетата Ariane 5 од североисточниот брег на Јужна Америка, со што се отвори нова ера во астрономијата.

Револуционерниот телескоп, вреден 9 милијарди долари, полета од лансирната база на Европската вселенска агенција во Француска Гвајана. Станува збор за моќен инфрацрвен телескоп кој НАСА го претстави како водечка опсерваторија за вселеската наука од идната деценија.

- Advertisement -

После 27 минути лет, инструментот тежок над 6 тони се одвои од ракетата и заплови во вселената. Телескопот го носи името на човекот кој ја водеше НАСА во текот на 60-тите години од минатиот век, а треба за еден месец да стигне до својата дестинација во соларната орбита на отприлика 1,5 милиони км од Земјата, што е 4 пати подалеку отколку Месечината.

Телескопот е сто пати поосетлив од вселенскиот телескоп Hubble и се очекува дека могу ќе го смени нашето разбирање за вселената и местото на човекот во него. Webb главно ќе ја набљудува вселената во инфрацрвен спектар, што ќе му овозможида продре низ облаците од гасови и прашина, каде што се наоѓаат ѕвездите, додека Hubble делуваше на оптчки и ултравиолетови бранови должини. Затоа тој ќе може да снима вселенски предмети кои досега немавме прилика да ги видиме, како што се првите ѕвезди и галаксии кои настанале во многу рана доба, кога вселената била стара само околу 100 милиони години.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -