Кинескиот пребарувач Baidu лансираше сопствена верзија на мета универзумот на Цукерберг наречена Xi Rang. Видеото кое го објавија покажува како корисниците го испробуваат мета универзумот преку очила за виртуелна реалност и рачни контролери.
После ребрендирањето на Facebooк во Meta, зборот мета универзум стана често користен. Минатиот месец Microsoft откри дека планираат да го интегрираат мета универзумот во своите постојни производи. Како што е секогаш случај со технологијата, очекувано е американските компании да се лидери и на ова поле, но Baidu нема да дозволи да се случи тоа.
На прв поглед, Xi Rang изгледа примитивно споредено со летачките аватарот без нозе кои ги видовме го најавата за Horizon World’. Сепак, видеата кои се објавени се од некои јавни презентации и досега сигурно има подобрувања пред да биде претставен финалниот производ. Дури и ако тоа не се случи веднаш, верзијата на Baidu на мета универзумот ќе биде достапна за пошироката јавност и ќе може да се пристапи до него преку телефон и преку компјутер, а не само со очила за виртуелна реалност, како што е случајот со Meta.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)