Последните 11 години сајтот archcy.com организира натпревар за најгрдата градежна форма на територијата на Кина, а благодарение на експериментите на меѓународни архитекти во земјата, годинава воконкуренција за главната титула годинава се 87 градби, од кои има и црква во форма на виолина и хотел во форма на баба чудовиште.
Кина со години е експериментално тло за амбициозни домашни и меѓународни архитекти, со различни резултати. Во Пекинг постои зграда на национална телевизија која ја дизајнираше холандскиот дизајнер Рем Колхас, а која кинеските корисници на социјалните мрежи ја нарекоа „големи панталони“ затоа што изгледа како пар нозе.
Во недовршениот тематски парк Хебеи има чудна зграда која е мешавина од истокот и западот и има една половина која изгледа како кинески храм, додека другата половина како американски Капитол Хил.
Меѓу годинашните претенденит за главната титула е и стаклениот мост „Добредојвте во пеколот“, кој поврзува две планини во Сечуан и на краевите има два масивни кипови на луѓе во традиционална облека, како огромната капија во паркот Јухан, која е копија на Триумфалната капија во Париз.
Организаторот на натпреварот вели дека целта на гласањето е да се поттикне на размислување за тоа што е убаво и грдо во архитектурата и да се промовира општествената одговорност на архитектите. Сајтот соработува со некои од најголемите кинески критичари на архитектурата.
Годинашниот натпревар следува откако централната влада наложи се повеќе прописи за архитектурата. Во април годинава Националната комисија за развој и реформи забрани изградба на грди згради. Пекиншкото тело за економско планирање ги повика локалните власти да се осгируаат дека зградите ќе бидат „соодветни, економични, зелени и пријатни за гледање“, иако не прецизираат што може да спаѓа во грда архитектура.
(Bizlife)