На крајот на годината традиционално се објавуваат листи со се што е најпопуларно.Така, компанијата Apptopia објави листа со најпопуларните апликации за годината врз основа на бројот на преземања на Google Play и iOS. AppGallery на Huawei не е вклучена во бројките, но веројатно редоследот на апликациите не би се сменил значително.
Tака, втора година по ред на самиот врв е TikTok. Потоа следуваат Instagram, Facebook и WhatsApp, а во топ 5 најпопуларни е и апликацијата за допишување Telegram, која годинава посебно доби на популарност.
Меѓу топ 10 најпопуларни апликации на листата се и: Snapchat, Zoom, Messenger, CapCut (апликацијата на Bytedance за уредување видеа) и Spotify. Во однос на минатата година, од топ 10 најпопуларни апликации испаднаа Netflix и Google Meet.
Во категоријата најпопуларни мобилни видеоигри на врвот е Subway Surfers (која минатата година беше на второ место), а следуваат Roblox, Bridge Race и Garena Free Fire. Минатогодишниот победник во категоријата, играта Among Us, годинава се наоѓа на петто место.
Категоријата најпопуларни забавни апликации за предводи Netflix, а потоа следуваат YouTube, Google Play Games, Disney+ о Amazon Prime Video. И во категоријата најпопуларни апликации на социјални мрежи TikTok уверливо е на прво место. Потоа следуваат Instagram, Facebook и WhatsApp, како и Snapchat. Twitter е дури на шесто место, иако во текот на 2021 година често се споменуваше како алтернатива на Facebook и Instagram, кога нема да се достапни нивните услуги.
Кога се во прашање крипто апликациите, најпопуларна во 2021 година е Binance, а следуваат Crypto.com, Coinbase, Trust и eToro.
Листата со најпопуларни апликации за плаќање, односно испраќање пари ја предводи PayPal, а следуваат Google Pay и две кинески апликации – PhonePe и Alipay.
Меѓу „бизнис апликациите“, счедејќи го трендот на работа од дома, најпопуларна е Zoom, а потоа следуваат Google Meet, WhatsaApp Business, Microsoft Teams и Adobe Acrobat Reader.
(Zimo)
(фото: Apptopia)