Познато за колку ќе се зголемат цените во Икеа

- Advertisement -

„Ikea“ следната година ќе ги зголеми цените на своите производи во просек за 9%, поради континуираните проблеми со снабдувањето и транспортот, соопшти „Ingka Group“, која поседува и управува со повеќето продавници на шведскиот гигант за мебел.

Изјавата на компанијата доаѓа во услови на зголемена инфлација, која влијае на глобалните економии, што пак се повеќе влијае на потрошувачите.

- Advertisement -

„Како и многу индустрии, „Ikea“ продолжува да се соочува со значителни ограничувања на транспортот и суровините, без подобрување во догледна иднина“, се вели во соопштението од „Ingka Group“, холдинг компанија која поседува 90% од продавниците во „Ikea“.

„Овие повисоки трошоци, кои се чувствуваат најмногу во Северна Америка и Европа, ќе мора да се пренесат на потрошувачите“, додаваат од компанијата.

- Advertisement -

Просечното зголемување на цените е околу 9% ширум светот за земјите со продавници на „Ingka Group“, но ќе се разликува од земја до земја поради инфлацијата таму и локалното снабдување и тешкотиите во транспортот, соопшти компанијата.

Според „Ingka“, франшизната компанија „Inter Ikea Group“ направила трошоци од 250 милиони евра во 2021-ва година поради логистичките проблеми кои се продлабочиле по зголемувањето на побарувачката по првата фаза од пандемијата.

- Advertisement -

Минатиот месец, „Inter Ikea Group“ објави пад на годишната добивка од 17%, припишувајќи го падот на наглото зголемување на трошоците за транспорт и суровини.

Во исто време, компанијата забележа раст на продажбата од 8% за годината до 25,6 милијарди евра.

Сподели!
- Advertisement -