Вештачката интелигенција игра се поголема улога во секојдневниот живот, но во Кина одлучија да одат чекор напред од другите и направија вештачка интелигенција која, наводно, може да идентификува криминални дела и да подига обвиненија против вршителите.
Како што пишува South China Morning Post, вештачката интелигенција е развиена и тестирана во шангајската канцеларија на јавниот обвинител, најголема во земјата. Наводно, доволно е да се опише потенцијалниот криминален настан, а вештачката интелигенција со 97% прецизност идентификува за кое криминално дело се работи и подигнува соодветно обвинение.
Ова не е прв обид за користење на вештачка интелигенција во кинеското судствo. Оваа вештачка интелигенција, всушност, е изградена на база на постоечката алатка наречена Sistem 206, а која обвинителите во Кина ја користат нза полесно да прегледаат докази и да одлучат дали осомничениот е опасен за јавноста или не.
Меѓутоа, Sistem 206 има одредени ограничувања. Така, на пример, не учествува во носењето одлуки или во процесот на подигнување обвинение. Токму тоa ги поттикнало истражувачите да направат нова, понапредна верзија. Новата верзија го проценува секој одделен случај, отстранува небитни податоци, носи заклучоци и го анализира начинот на кој е се напишано со помош на својата неурална мрежа. Тоа и овозможува да идентификува и да подигне обвинение во случај на осум најчесто криминални дела: измама со кредитни картички, коцкање, невнимателно возење, напад со умисла, кражба, измама, напад на службено лице, но и политичка неистомисленост.
Вештачката интелигенција ја обучувале со помош на повеќе од 17.000 случаи, кои пред тоа ги воделе луѓе обвинители. Научниците кои ја создадоа новата вештачка интелигенција велат дека со тек на време таа ќе стане уште подобра и ќе може да препознава помалку чести криминални дела и да подига неколку обвиненија против истиот осомничен.
(South China Morning Post)
(фото: Wikimedia)