BMW на технолошкиот саем CES 2022 покажа примена на електрофоретска технологија, која се наоѓа во т.н. E-боја (E ink) на iX прототипот. Автомобилот се вика iX Flow и може со помош на наведената технологија моментално да ја смени својата надворешна боја. Но, како го прави тоа?
iX има посебна обвивка која пренесува различни пигменти на боја кон површината преку електрична стимулација. Ефектот на промената на бојата е разнолик и самата обвивка овозможува разни бои.
Примената на Е-бојата има две клучни погодности. Првата е тоа што отвора цел нов свет на можности кога станува збор за прилагодување на возилото на потеебите на сопственикот, промена на бојата и на дизајнот според расположението. Автомобилот буквално ќе биде одраз на расположението на сопственикот. Засега боите кои може да ги менува се од црно-белиот спектар.
Втората погоднот е поголемата ефикасност, во однос на зачувувањето ан енергијата во возилото затоа што за време на топлите летни денови автомобилот може да биде целосно бел и малку да се загрева, а на зима да биде целосно црн и да впива што повеќе сончева енергија и да се загрева просторот во кабината.
(фото: YouTube)