-5.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Во Македонија има околу 10.000 активни фриленсери. Шансите за добра заработка без формално вработување се многу големи!

Kabtel desktop

Интервју со Игор Мишевски, коосновач и раководител на програма во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА Скопје. Тој има повеќе од 18 години искуство со управување со проекти и лидерство во развојни интервенции во приватниот сектор и поседува експертиза за развој на пазарни системи и градење на компании.

Во која мерка е развиено фриленсерството во Македонија? Може да споделите некои бројки и сознанија за состојбата дома?

Во Македонија сме забележале дека постои голема мрежа на поединци кои заработуваат дополнителен приход од фриленсерска работа. Некои пак, се посветиле целосно на заработка преку овој тип на работа. Во најголем дел од случаите се работи за млади oд 18 до 35 години, вработени кои после работно време одлучуваат да посветат некој час плус како фриленсери. Според Global Internet Freelance Market Overview Македонија во 2018 беше на второ место во светот по број на фриленсери на 1000 жители. Проценуваме дека моментално во земјата има околу 10.000 активни фриленсери. Овие податоци говорат дека фриленсерството е доста атрактивно на нашите простори.

Покрај големиот раст на фриленсерството, утврдивме дека постојат и многу препреки и недостатоци кои го оневозможуваат функционирањето на оваа група на луѓе. За таа цел пролетва Импакт Фондација го иницираше проектот за поддршка на фриленсерството во нашата држава која ќе се фокусира на три клучни проблеми: 1) подобрување на вештините на целните групи, 2) поддршка на деловните модели за претпријатијата во приватниот сектор приватниот сектор (компаниите) и 3) подобрување на состојбата и информирањето за самовработување преку фриленс активности. 

Свесни сме дека промените не доаѓаат „преку ноќ“, но, веруваме дека овој прв чекор кој го земавме во интерес на фриленсерството во Македонија ќе биде одлична потпора за да продолжат да се превземаат разни дејствија за подобрување на економската средина. Проектот е спроведен од RECONOMY програмата, таа цели за зеленo и инклузивно (само) вработување со цел оваа категорија граѓани да има пристап до пристојна заработка на доход. RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од Helvetas во партнерство со Импакт Фондација и други организации во Источното партнерство и Западен Балкан. 

Споменавте кои се клучните проблеми на кои ќе се фокусирате во следниот период. Може ли да ни кажете како? Со кои методи и мерки ќе се обидите да решите дел од проблемите во оваа област? 

Овозможување на подобра економска средина за фриленсерите е дефинитивно круцијален дел од нашата интервенција. Потребни се системски промени во делот на законодавство, едноставни процедури за регистрирање, интерес за фриленс и градење капацитет на идни и сегашни фриленсери. За идните фриленсери, фали сигурен извор од каде тие можат да се здобијат со насоки и знаења за фриленсинг. Затоа, имаме склучено соработка со врвни домашни тренинг центри како Бреинстер, СЕМОС Едукација, СЕДЦ, Институт за Дизајн и Технологија и тренинг центарот Мелита и партнери од соседно Косово. Преку нив ќе бидат создадени првите едукативни модули кои ќе целат да дадат и технички познавања на студентите но, и меки вештини и насоки за работење во фриленсинг светот. Паралелно со тоа, студентите веќе обучени за некоја вештина ќе можат додатно да се запознаат со можностите за фриленсинг преку мрежата на ментори со која располагаме. Овие поедници ќе обучуваат мали групи од 5-10 индивидиу во одредена област. Ваков пристап овозможува полесно интегрирање на фриленс платформите за почетниците, полесно пристапување и продавање пред клиенти, а со тоа зголемена заработувачка.

Но, обучувањето на идни фриленсери нема да биде свртено само кон меѓународниот пазар. Имено, поради јазични или временски бариери не секој може или сака да работи како фриленсер за странска компанија. Затоа во стартап екосистемот на Македонија фриленсерите дефинитивно имаат што да понудат. Типично стартапите на почеток немаат секогаш средства покривање на плати. Во овој дел од интервенцијата стапивме во соработка со Стартап Македонија. Нашето партнерство ќе овозможи “вработување” на фриленсери во стартап компанија, а по нивно подолгорочно работење и придонес, можноста да се стане ко-основач на компанијата. 

Ние, како Импакт Фондација сме карактеристични што работиме според методологијата за развој на пазарни системи (Market Systems Development – MSD). Имено, ние иницираме одржливи промени преку тоа што активно ги вклучуваме засегнатите страни во изнаоѓање на решенијата. Значи, наместо ние директно да ги спроведуваме активностите, ние ги поттикнуваме и ја даваме соодветната експертиза за создавање на одржлив модел кој ќе продолжи и после самиот проект.

Кои се приоритетите за делување почеток, во оваа прва фаза?

Зголемувањето на свеста околу можностите кои фриленсингот ги пружи е главен приоритет. Со ова сакаме да стигнеме до поголем број на млади, жени и други ранливи категории на граѓани. 


Досега, во октомври ја организиравме првата тркалезна маса посветена на фриленсерството во Македонија. Ова претставува прва поттикната дискусија за фриленсинг. За времетраењето на дискусијата забележавме дека оваа тема преставува критична точка за многу владини институции, но и за самите фриленсери. Присуството го обележаа претставници на значајни владини, невладини организации, независни експерти и фриленсери. Меѓу нив присуствуваа од Министерство за труд и социјална политика, АВРСМ, Министерство за Финансии, ФИТР, УНДП и други. 

Резултатот на различните интереси и гледишта доведе до мапирање на повеќе предизвици за фриленсерството во Македонија и носење на препораки за разрешување. Вклученоста на сите засегнати страни – министерствата, здруженијата и едукативните институции е клучна за кревање на свеста, постигнување напредок на ова поле и доближување до развиените земји. На дискусијата беше утврдено дека значаен чекор кон информираното пристапување кон фриленсинг се наоѓа во создавањето на платформа за информации и алатки кои ќе помогнат на фриленсерите во нивно подобро запознавање со релевантни содржини за фриленс светот.

Кои се следните активности кои ги планирате во рамки на програмата?

Во моментот лансиравме програма за ментори за фриленсери, каде планираме на околу стотина лица да им помогнеме полесно да стигнат преку менторство од десет искусни фриленсери во улога на ментори. Преку нивната експертиза фриленсерите ќе имаат прилика да се здобијат со мноштво вештини кои ќе резултираат со активно зголемување на фриленс заедницата и зголемена заработка. Се очекува првите групи за менторство да се формираат најдоцна до 15-ти јануари. 

Во идниот период планираме и соработка со Стартап Македонија чија главна цел е да се подигне свеста за можностите за започнување сопствен бизнис и да се унапредат основните вештини за основање компанија. Соработката ќе се состои од неколку различни активности како што се Три вечери на ко-основачи (Startup Roasts) – ова ќе се случува еднаш месечно и на овие настани три до четири стартапи ќе го изложат својот бизнис пред публиката составена од фрилансери. Идејата е фрилансерите да се приклучат како ко-основачи во стартапите кои го промовираат нивниот бизнис и да ги инспирираат да развијат сопствен стартап.

Планираме и една правна работилница за информирање на фрилансерите за правното структурирање и основните чекори при основање компанија како и инфо сесија за информирање на целната група. 

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!