Француското регулаторно тело ги казни Facebook и Google со вкупно 210 милиони евра поради употреба на „колачиња“. Google и Facebook на корисниците им го отженуваат одбивањето на онлајн трагачите, односно т.н. „колачиња“, соопшти француската агенција за заштита на проватноста на податоците CNIL (Commission Nationale Informatique & Libertés).
Прифаќањето на колачињата е клучна европска регулација за заштита на приватните податоци и еден од најголемите приоритети на CNIL. И двете компании имаат рок од три месеци за да се покорат на одлуката или да платат казна од 100.000 евра за секој ден доцнење.
„Колачињата“ се мали пакети на податоци кои овозможуваат вреб пребарувачите да складираат информации и на пример, да прикажуваат огласи прилагодени на кориснциите. Кога ќе ги прифатите „колачињата“, тоа се прави со само еден клик на глушецот.
CNIL во соопштението наведува дека Google и Facebook овозможиле виртуелно копче со кое веднаш се овозможува прифаќање на „колачињата“, но дека не постои еквивалент со кој „колачињата“ еднакво брзо и едноставно би се одбиле.
Пристигна и реакција од Google и тие порачуваат дека посветено и активно ќе продолжат да работат со CNIL. Нивниот дел од казната изнесува 150 милиони евра. Од Facebook, пак, порачаа дека ја проучуваат добиената казна, која за нив изнесува 60 милиони евра.
(BBC)
(фото: Flickr)