ВИДЕО: Оваа кацига ви овозможува да гледате во 360 степени

- Advertisement -

Кога возите моторцикл, знаете колку е незгодно кога поради кацигата (која, се разбира, мора да ја носите за заштита) немате најдобар поглед околу и зад себе. Но, некој помислил и на тоа и решил да им помогне на сите моторџии. Кацигата Crosshelmet ви овозможува да гледате се околу себе – кога ја носите гледате во цели 360 степени!

Интегрираната камера ви снима се што се наоѓа зад вас. Камерата е поставена на задниот дел на кацигата, а е поврзана со визорот. Кога возите пред вас на горниот дел од визорот се појавува мал екран на кој гледате што се случува зад вас. Притоа, екранот е мал и не ви попречува во возењето.

- Advertisement -

Кацигата може да се поврзе и со апликација, која може да ви го планира патувањето преку GPS. На екранот ќе ви се појавуваат насоки каде да се движите, а има и опција за намалување на бучавата која се слуша однадвор.

Helmet with a 360-degree view

This helmet gives you a 360-degree view.More info ➡ http://bit.ly/2O2XaHr

Posted by Startup Selfie on Недела, 21 октомври 2018

Сподели!
- Advertisement -