Samsung на меѓународниот технолошки саем CES 2022, кој се одржа во Лас Вегас, го претстави преносниот проектот The Freestyle. Ова е првиот таков облик на пеносен проектор кој комбинира видео и звук каде било. Како што истакнаа на презентацијата од компанијата, The Freestyle е комбинација од рпоектор и паметен звучник. Тежи само 830 грама и може да се ротира за 180 степени, што значи дека видеосодржините може да ги прикажува на која било рамна површина.
The Freestyle е единствен проектор чија главна задача е да биде сестран и флексибилен за да ги задоволи потребите на сите корисници и нивниот начин на живот. Поради тоа што ги елиминира ограничувањата во просторот, The Freestyle е забавен и практичен уред кој може да се користи според личните преференци на корисниците, изјавија од Samsung Electronics.
Проекторот е опремен со опции за автоматско изедначување и нивелирање, што му овозможува автоматски да го прилагоди екранот на која било површина, под кој било агол со совршено пропорционален приказ. Автоматскиот фокус овозможува кристално чист приказ на сите површини и под сите агли до 100 инчи големина.
The Freestyle е компатибилен со екстерни батерии кои поддржуваат USB-PD и 50W/20V излез или повеќе, што значи дека може да се понесе и на кампување или да се користи при движење. Кога се користи како проектор, може да создава светлосни ефекти, но и да биде паметен звучник кој ја анализира музикаѕа и според резултатите создава визуелни ефекти кои се проектираат.
Има поддршка за Smart TV опции кои се достапни на Samsung паметните телевизори, вклучувајќи и услуги за стриминг и можност за емитување содржини компатибилни со Android и iOS паметни телефони. Поради тоа The Freestyle е првиот проектор во светот сертифициран од глобалните OTT парнери за врвно искуство при гледањето содржини.
The Freestyle ќе биде достапен за преднарачки од февруари 2022 година, а иаку уште нема официјални информации за цената, во САД ќе се движи околу 900 долари.
(Zimo)
(фото: Samsung)