Сите Италијанци постари од 50 години мора да се вакцинираат

- Advertisement -


Во Италија стапи на сила задолжителна вакцинација против корона вирусот на граѓаните постари од 50 години. Тие што не се вакцинирани, тоа можат да го направат до крајот на јануари. Од 1 февруари тие што не се вакцинирани, не примиле втора или трета доза ќе се казнуваат со 100 евра.

Мерката ќе биде на сила до 15 јуни и ќе се применува на сите жители постари од 50 години, вклучувајќи ги и странските државјани. Сите постари од 50 години од 15 февруари на работа ќе мора да покажуваат потврда за вакцинација или потврда дека прележале КОВИД-19, а без тие потврди ќе бидат принудени да работат од дома.

- Advertisement -

Вработените помлади од 50 години можат на работа да покажат негативен тест на корона вирусот. За тие што ќе ги кршат мерките се закануваат парични казни од 600 до 1.500 евра.

Воведувањето задолжителна вакцинација на постарите жители предизвика поделени реакции во земјата. Многумина од владејачките партии ја поздравуваат мерката, а премиерот Марио Драги вели дека таа е осмислена за да го заштити тој дел од населението кој е изложен на поголем ризик од хоспитализација после заразата со КОВИД-19.

- Advertisement -

(Beta)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -