Владата најави субвенционирање на цената на парното

- Advertisement -

Државата најде решение за кризата со топлинска енергија. Предлогот е од буџетски пари да се покрие разликата меѓу актуелната и реалната цена на топлинската енергија, со цел цената за крајните потрошувачи да остане иста, а компаниите да имаат пари за набавка на гас и да продолжат да испорачуваат парно.
Според проекциите 80% од потребните пари, или 5 милиони евра, ќе се обезбеди од државниот буџет, а Владата очекува останатите 20% да ги обезбедат општините и градот Скопје.

Доколку компаниите го прифатат владиниот предлог, тоа ќе значи решавање на проблемот со топлинската енергија за целата година.

- Advertisement -

Со обезбедување на финансиската помош, од Регулаторна очекуваат топланите да го изменат режимот на работа и повторно да се испорачува парно како претходно, а не само колку законски пропишаниот минимум.
Инаку, ова е втор предлог за решавање на проблемот, откако синоќа мандатарот Ковачевски кажа дека е обезбеден кредит од 8 милиони евра преку Развојната банка, за непречена испорака на топлинска енергија. Но, за тоа БЕГ треба да обезбеди соодветна банкарска гаранција. Од компанијата нема коментар за предлозите, иако се соочуваат со одземање на лиценцата ако прекине да испорачува парно.

Сподели!
- Advertisement -