Државите и производителите на автомобили последните години го подготвуваат теренот за иднината во која ќе доминираат електричните возила. Некои држави веќе најавија кога почнува забраната за дизелашите и бензиницте, а веќе до крајот на оваа деценија многу автомобилски компании во продажба ќе имаат само електрични автомобили.
Само прашање на време е кога продажбата на електричните автомобили ќе ја надмине продажбата на автомобилите со мотори со внатрешно согорување. За пазарот во ЕУ и Велика Британија тоа може да се случи порано од очекуваното покажа истражувањето кое го направи Business Green, а чии резултати се објавени на страницата Electrek.
Побарувачката на корисниците за електрични автомобили ќе биде се поголема, а веќе оваа година таа побарувачка може да се дуплира во однос на 2021 година. Продажбата ќе продолжи да расте и до 2025 година, што е порано од претходните предвидувања, може да ја надмине продажбата на моторите со внатрешно согорување, покажуваат резултатите од истражувањето.
Истражувањето е спроведено во Германија, Италија, Шпанија, Полска, Франција, Холандија и Велика Британија на околу 14.000 луѓе, кои сакаат да купат нов автомобил или неодамна купиле автомобил.
Најбитниот фактор при носењето на одлуката за купување автомобил со електичен мотор, како што може да се претпостави, е цената. Со оглед на тоа дека цената на батериите и технологиите е се пониска, можеме да очекуваме да продолжи трендот на поголема побарувачка за електрични автомобили.
Во новото истражување на испитаниците им е понудено сценарио во кое тоа ќе се случи малку подоцна – во 2028 година, а според нивните одговори, уште во 2025 година електричните возила ќе заземат дури 50% од пазарот на автомобили.
(Dnevnik.hr)
(фото: Pxhere)