Компанијата за блокчеин аналитика Chainalysis објав нов извештај за тоа колку криптовалути успеале да украдат севернокорејски хакери минатата година.
Според извештајот, сајбер криминалците лани извршиле најмалку седум напади на платформи за критповалути, од каде што успеале да украдат најмалку 400 милиони долари. Тие напади главно биле насочени кон инвестициски компании и централизирана размена, а користеле фишинг, слонамерен софтвер и напреден социјалн инженеринг за да ги извелчат средствата од тие организации, се вели во извештајот.
Аналитичката компанија потенцира и дека по прв пат во историјата откако се следат севернокорејските кражби на криптовалути биткоинот не е доминантна нападната криптовалута. Во 2021 година само 20% од украдените криптовалути биле биткоин, а 58% биле кражби на етер, валутата на мрежата Ethereum. Во пари тоа се 272 милиони долари, спредено со само 161 милион во 2020 година.
Причината за тоа може да биде тоа што таквите платформи се понови и помалку обезбедени. Тие имаат слаби точки кои допрва ќе се идентификуваат и ќе се поправат, па затоа се полесна цел за хакерите кои сакаат брза заработка.
Chainalysis дополнува и дека сите напади биле извршени од страна на APT 38, познати и како Lazarus Group. Се верува дека од 2018 година досега групата украла и „испрала“ над 200 милиони долари во виртуелни валути годишно.
(Interesting Engineering)
(фото: Robotics and Automation News)