Словенија до 2033 година ќе прекине со производство на струја од јаглен

- Advertisement -

Словенија најдоцна до 2033 година ќе го стопира производствот на електрична енергија од јаглен, најави словенечката влада. Таквото решение го предвидува усвоената Национална стратегија за напуштање од јагленот и реструктурирање на две покраини во кои уште има активни копови на јаглен како значајна економска дејност.

Усвојувањето на стратегијата значи дека тие региони може да почнат непречено да користат средства од фондот за праведна енергетска трансформација, во рамките на кој Словенија ќе добие речиси 250 милиони евра.

- Advertisement -

Од Термоелектраната Шоштањ, која користи јагле за производство на електрична енергија, Словенија обезбедува 1.3 од производството на струја, додека останатите 2/3 во најголем дел ги обезбедува од хидроцентрали и од нуклеарката Кршко.

(Blic.rs)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -