Геенрацијата Z, односно младите родени од 1997 до 2012 година имаат поинакви приоритети во животот отколку своите родители. Тие се пораснати со Google, Facebook и паметни телефони во рацете и често со своите активности ги диктираат дигиталните трендови. Но, истражувањето кое го спроведе американски June Homes откри интересни ставови на генерацијата Z, кои ги збунуваат нивните родители.
Истражувањето открило дека за генерацијата Z се најбитни семејството и здравјето, а технологијата ја земаат здраво за готово. На пример, истражувањето покажало дека припадниците на таа генерација порадо би имале бесплатно здравствено оригурување отколку да имаат машина за перење алишта, за чинии или машина за сушење алишта.
Исто така, добар дел од генерацијата Z не сакаат да се откажат од својот паметен телефон по никоја цена, па дури ни ако тоа значи дека би можеле да си купат куќа или стан ако не поседуваат телефон.
Речиси половина од припадниците на таа генерација порадо би останале да жиеват со своите родители отколку да се одрекнат од социјалните мрежи. И на крај, речиси една третина од американските припадници на генерацијата Z се спремни да изнајмат стан или куќа кои никогаш не ги виделе во живо, туку само преку виртуелна тура.
(June Homes)
(фото: Flickr)