После првиот лет кон крајот на 2020 година и летањето од град до град по прв пат во јуни минатата година, летачкиот автомобил AirCar на Klein Vision доби сертификат за летање од страна на словачкото тело надлежно за воздухопловен сообраќај. ity.
AirCar досега има над 70 часа тест-четови според стандардите на Европската агенција за безбедност во авијацијата, вклучувајќи и 200 полетувања и слетувања по цела Словачка.
„Ние внимателно ги следевме сите стази од развојот на AirCar од самиот почеток во 2017 година. Безбедноста во транспортот е наш приоритет. AirCar е комбинација од врвна иновација и безбедносни мерки кои ги исполнуваат стандардите на EASA. Тој претставува нова категорија спортски автомобил во комбинација со безбедно воздухопловно тело. Давањето сертификат за такво летало е истовремено и предизвик и фасцинантна задача“ велат од надлежното тело.
Сертификатот за летање е официјален светски сертификат кој се издава во согласност со регулативите на EASA за сите земји-членки. Секоја земја членка има соодветно надлежно тело кое издава сертификати кои важат во сите земји. Тоа значи дека Aircar може да лета и на пример во Велика Британија и ние планираме во иднина да летаме од Лондон до Париз“ вели Атнон Зајац, соосновач на компанијата.
Мменталниот прототип на AirCar има 1,6-литарски мотор на BMW со 140 коњски сили, но Klein Vision тестира Adept Airmotive мотор, кој ќе му овоМожи да лета до 300 км/ч и да има досег од 1.000 км.
Со обично притискање на копче овој автомобилк-авион се претвора од летање во копнено возење. Автоматски се собираат крилата и се подигаат, па се сокриваат во композитното тело.
Од компанијата се надеваат дека ќе добијат сертификат за производство во наредните 12 месеци.
(New Atlas)
(фото: YouTube)