Компанијата Goodyear вети дека до 2030 година ќе развие гуми целосно направени од одржливи материјали, а сега претстави прототип кој е 70% направен од такви материјали.
Ова е јасен показател дека компанијата се движи кон остварување на поставената цел. Во однос на новиот изум, гумата е направена од 13 состојки во девет различни компоненти на гумите вклучувајќи три различни видови чад кои обично нстануваат со согорување на нафтените деривати.
Чадот обично се користи како филер за јакнење на гумите и другите гумени производи но и да го продолжи нивниот животен век. Наместо чад од согорување на нафтени деривати, овој пат бил користен чад добиен од метан, јаглерод диоксид и растително масло. Од компанијата тврдат дека методите за производство на овој одржлив чад произвеле помала емисија на јаглерод диоксид во однос на традиционалниот процес.
Goodyear користеше и масло од соја за одредени линии на гуми наместо масло од нафта затоа пто маслото од соја овозможува гумите да останат еластични и на променливи температури. Компанијата планира да го користи ова масло за четири линии од своите гуми. Новите гуми, пак, користат и различни видови силициум диоксид кој помага во намалување на потрошувачката на гориво. Тој е добиен од лушпите од ориз, односно од пепелта која останува како нуспроизвод при мелење на оризот и го има во големи количини во земјите кои одгледуваат ориз. Научниците го проучувале како можна алтернатива за цемент и како извор на силициум диоксид. освет тоа, компанијата успеа да разгради полиестерски материјали рециклирани од пластични шишиња и друг пластичен отпад на нивните основни хемикалии и потоа настана полестер со технички квалитет кој се корист за слоевите од гумата кои ја одржуваат нејзината форма.
Главниот технолог во Goodyear, Крис Хелсел изјави дека прототипот на новата гума претставува важно достигнување кое ја покажува посветеноста на компанијата да користи одржливи материјали.
(Klix.ba)