Автономните такси Cruise наскоро ќе превезуваат патници во Сан Франциско

- Advertisement -


За неколку недели отсега автономните такси возила Cruise ќе превезуваат патници во Сан Франциско, а од пред некој ден се отворени пријавите за сите заинтересирани кои сакаат да видат како изгледа возењето во автомобил во кој нема возач.

Кајл Вог, извршен директор и соосновач на компанијата, на официјалниот блог напиша дека не може да поверува дека може да ја напише оваа најава за отворањето на нивниот автономен такси-сервис за јавноста во Сан Франциско.

- Advertisement -

Сите заинтересирани жители на оваа технолошка метропола сега можат да се пријават за бесплатно возење во такси возила во кои нема да има возач, туку самостојно ќе бидат управувани од компјутери.

Пред неколку дена Cruise им овозможи на група заинтересирани граѓани да ја тестираат новата услуга и сите имаа одлични впечатоци. Изјавија дека буквално се сведоци на иднината, дека не можат да веруваат дека тоа навистина се случува. Сепак, после првите впечатоци и возбудата, кога ќе сфатат дека наместо возач не седи никој, возењето им станува досадно.

- Advertisement -

Слични коментари читавме и од луѓето кои ги тестираа возилата на Waymo. Возењето со нив е прилично обично и досадно, односно нема нагло забрзување, возилата ги почитуваат сите ограничувзња и знаци и се многу повнимателни од луѓето.

Такси сервисот на Cruise ќе почне со работа многу наскоро, во текот на наредните неколку недели, а возењето на почеток нема да се наплаќа. Инаку, компанијата почна со тестирање на целосно автономните автомобили на крајот на 2020 година, а последните неколку месеци во такси возилата во кои нема возач се возат нивните вработени.

- Advertisement -

Автономните такси ќе бидат ограничени само на северозападниот дел од Сан Франциско, и тоа само во периодот од 23 часот до 5 часот наутро. Од видеото во прилог можете да видите како изгледа возењето со автономните такси возила на Cruise.

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -