Нов начин на тестирање на корона вирусот – преку здивот

- Advertisement -

Истражувачи оd Сингапур развија прототип на апарат за тестирање на здивот за кој тврдат дека е исто ефективен како PCR тестовите во откривањето на КОВИД-19.Системот има 95% прецизност во детекцијата на симптоматските и асимптоматските инфекции со САРС-КоВ-2 и дава резултати за помалку од 5 минути.

PCR технологијата сега е најпрецизниот начин за тестирање а корона вирусот, но вклучува скапа и сложена лабораториска опрема, што честопати значи дека потребни се часови, ако не и денови за да се добијат резултати од тестовите. Брзите антигенски тестови, пак, се побрз начин за тестирање, но имаат ограничена прецизност и честопати даваат различни резултати.

- Advertisement -

Со цел да се најде друг начин за брзо, лесно и прецизно тестирање на КОВИД-19 истражувачите од Сингапур го развиле прототипот на тестот преку здивот кој дава резултати за помалку до 5 минути.

Новиот тест не го детектираат точно самиот вирус, туку идентификуваат шеми на волатилни органски соединенија кои соодветстуваат со инфекција со САРС-КоВ-2. Некои молекули како алдехидите и кетоните имаат специфично однесување во присуство на КОВИд-19 и преку здивот може брзо да се тестираат многу луѓе.

- Advertisement -

Најголем предизвик им бил технологијата да ја направат преносна за тестот да може да се прави во реални услови. Многу хипотетички тестови на КОВИД преку здивот вклучуваат огрмна лабораториска опрема, што значи дека не може да се тестира каде било.

Новиот уред ја користи технологијата наречена Раман спектроскопија, која овозможува идентификација на одредени однесувања на молекули со голема прецизност. А најбитно е тоа што Раман спектрометрите се релативно евтини и овозможуваат тестирање во реални услови.

- Advertisement -

Уредот на Сингапурците има три Раман сензори поставени на сребрени наноцевки. Потребни се само 10 секунди дишење во сензорите за да се земе примерок. Уредот потоа се става во мал преносен спектрометар и дава резултати за помалку од 5 минути.

Прототипот неодамна беше тестиран на над 500 луѓе, кои исто така биле тестирани и со PCR. Дал импресивни резултати со само 0,1% лажно позитивни резултати и 3,8% лажно негативни резултати. Тоа е еднакво со прецизноста на лабораториските PCR тестови.

Сепак, потребно е уште работа за да се комерцијализира технологијата. Новата студија е објавена во весникот ACS Nano.

(New Atlas)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -