Германски научници планираат годинава да клонираат и да одгледуваат генетски модифицирани свињи кои ќе служат како донатори на срца за луѓе. Екард Хоф, научник од Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен изјави дека целта на неговиот тим е новиот вид на свињи, модифицирани од расата „Оукленд“, ќе бидат спремни за тест трансплантации до 2025 година.
Во првата операција од тој вид тим од Медициснкиот универзитет во Мериленд, САД, трансплантираше срце од свиња со десет модификации на смртно болен човек. Неговите доктори велат дека добро реагира, иако постои опасност од инфекција, отфрлање на органот или висок крвен притисок.
„Нашиот план е да продолжиме со поедноставен модел, односно со пет генетски модификации“ вели Волф, чиј труд предизвика бурна расправа во земјата со една од најниските стапки на дарување на органи во Европа.
Волф ги истражува трансплантациите од животни на луѓе, познати како ксентрансплантации, веќе 20 години. Тој вели дека неговиот тим ќе користи технологија на клонирање за да создаде само животни зачетници, од кои ќе одгледува идни генетски идентични генерации.
Првата таква генерација треба да биде родена годинава, а нивните срца ќе бидат тестирани на бабуни пред тимот да побара одобрение за клинички испитувања на луѓе за 2-3 години отсега.
Трансплантациите ќе се користат за луѓе на кои им е дијагностицирано затајување на органите и кои немаат други можности за лекување, а на листата за чекање во Германија на крајот на 2021 година имало околу 8.500 луѓе.
(Zimo)
(фото: Pexels)