Поради вештачката интелигенција 120 милиони луѓе во светот ќе треба да се доедуцираат

- Advertisement -

Времето кога луѓето биле сигурни од првиот ден на вработувањетот дека ќе останат на работа до пензионирање одамна помина и денес веќе нема никаква сигурност во работата и потребно е постојано да се едуцираме за да опстанеме во ови услови на модерен начин на живот. Тие услови со тек на време ќе бидат уште позахтевни поради што многу работници ќе ги изгубат своите места неможејќи да и парираат на вештачката интелигенција, која веќе сега воведува промени на пазарот на труд.
Поради вештачката интелигенција ќе исчезнат многу работни места, но затоа ќе се отворат бројни нови прилики и нови предизвици за кои луѓето ќе мора да бидат спремни и едуцирани. IBM неодамна спроведе истражување за обуките и едукацијата на вработените во големите компании, а резултатите од нивното истражување покажуваат дека во текот на наредните три години ќе биде потребно да се доедуцираат и да се дообучат околу 120 милиони луѓе во светот.
Многу компании веќе имаат проблеми со пронаоѓањето работници и дополнителната едукација им создава нови проблеми затоа што во 2019 година се зголеми времето на обука за вработените. Имено, пред пет години едукацијата траела само три дена, додека денес трае дури 36 дена. На вработените најчесто им треба обука за стекнување/подобрување на некои бихејвиорални вештини и секако, за технички знаења. Од IBM велат дека стекнувањето на бихејвиоралните вештини е посложено и за тоа треба повеќе време.
Денес се става се поголем акцент токму на бихејвиоралните вештини како комуникацијата, тимската работа со колегите, креативноста и слично, но тие најдобро се стекнуваат со искуство, а не на некои класични предавање и вебинари, пти исто такс претставува проблем за работодавците. Според IBM, во блиска иднина дополнителна едукација ќе им треба на повеќе од 50 милиони Кинези, потоа на околу 11,5 милиони Американци, на 7,2 милиони Бразилци, речиси 5 милиони Јапонци и на околу 2,9 милиони Германци.

Сподели!
- Advertisement -