Европската унија го објави планот вреден околу 43 милијарди евра со цел да стане голем производител на чипови во обид да ја намали зависноста од азискиот пазар за компоненти кои денес се наоѓаат во речиси се – од респираторите во болниците до конзолите за игри.
Во време кога има недостиг од природен гас и зависноста на Русија во енергетиката покажуваат покажува политички ризици од економска зависност, ЕУ со својот закон за чипови почнува да ја зајакнува економската независност во многу битниот сектор за производство на полупроводници.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека чиповите се во центарот на глобалната технолошка трка и се основа за модерните економии. Со тој потег ЕУ го следи примерот на претседателот на САД, Џозеф Бајден, да инвестираоколу 45 милијарди евра во домашно производство на чипови.
Од минатогодишната пандемија на коронавирусот докде до застој во синџирот за снабдување со полупроводници, па некои потрошувачи во Европа мораа да чекаат и по една година да добијат автомобил поради недостигот на резервни делови.
Полупроводниците се мали микрочипови кои фунцкионираат како мозок за сите уреди – од паметните телефони до автомобилите. Долготрајниот недостиг на тие компонентни ја нагласи важноста на производителите на чипови, кои најголем дел се сместени во Азија, за глобалните синџири за снабдување.
Фон дер Лајен изјави дека европскиот Закон за чипови ќе ги поврзе истражувањата, дизајнот и тестирањето и ќе ги координира инвестициите на ЕУ и на одделни држави.
Планот од 43 милијарди евра ги обеднува јавните и приватните фондови и овозможува државна помош за стартување на големи инвестиции. Фон дер Лајен изјави дека планот предвидува дополнителни 15 милијарди евра за јавни и приватни инвестиции.
ДРжавите од ЕУ сега имаат само 9% учество на глобалниот пазар за производство на полупроводници, а целта на планот е тој процент да се зголеми на 20% до 2030 година.
(Beta)
(фото: Pxfuel)